Тимоти Шаламе е еден од најталентираните и најбараните актери, актуелен е во моментов со филмовите „Кралот“ и „Малите жени“, но покрај глумата, негува необично смел моден стил, поради кој на неколку листи е прогласен за најдобро облечен маж на црвениот килим, а според пребарувачот Lyst е највлијателен маж во модата за изминатава 2019 година.
Таа модна смелост ја видовме на црвениот килим повеќе пати годинава. На пример, бестрашно облече костум со крупен цветен дезен, креација на Александар Меквин, како и блузон со светкави шљокици на „Луј Витон“. Впечатлив беше и во сребрениот комплет со појас од Хајдер Акерман, во кој се појави на Канскиот филмски фестивал. Дизајнерот Акерман често соработува со Тимоти и го смета за „рок ѕвезда“ и за „уметник“. А според Lyst, откако Шаламе се појавил во овој комплет, пребарувањето на интернет за дизајнерот Акерман пораснало дури за 806%. Откако бил виден во светкавио дуксер од „Луј Витон“, пребарувањето на терминот машки дуксер пораснало скоро за 200%.
Ретко кој како Тимоти има способност да облече необични и смели комбинации, а да не изгледа кичесто или како кловн. Носи крајно неочекувани стајлизни, како костуми во интензивни бои и живи принтови, но тоа го прави на ноншалантен и сосема природен начин.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари