Широки до предимензионираност, памучни, миди или макси, со балонести ракави – вака се опишуваат најтренди фустаните за оваа сезона кои нудат екстра удобност. Понекогаш како продолжена кошула или туника со скалести карнери, овој тренд како да се надоврза на фустаните во прериски стил или пак на моделите кои наликуваат на детски фустани, а кои беа претходно актуелни. Суштинска спротивност на кратките и припиени модели, овие волуменозни креации царуваат во уличната мода и на Инстаграм.
Нема коментари