Женствени и забележливи, фустаните со принт се модно парче со кое може да се постигне голем ефект. Со цветна, животинска или некоја друга разиграна шара, лесно се вклопуваат во различни стилови и можат да се носат во секој дел од денот. Со ниски чевли, војнички чизми, патики или високи чизми, се носат и со капути, кожни јакни и џемпери. Актуелна е миди должината, а хит се фустаните со змиски принт.
Нема коментари