Пред да почнеме да ги носиме пердувестие монтки во зимскиот студен период, има денови кога температурите дозволуваат да излеземе надвор во елек налик на монтка без ракави. Ваквите пуфнести елеци ако претходно имаа само спортска конотација (и најчесто ги среќававме како дел од машкото облекување), сега жените ги носат во различни пригоди и во спој со поелегантни парчиња. Во овој период од есента, додека уште не е многу ладно, може да облечеме пуфнест елек, особено во дневни пригоди, но на начинот на кој што го носиме сезонава е стајлиш, а не само спортски. Па така, освен во лежерни стајлинзи со дуксери, фармерки и тренерки, се комбинира и со сакоа, женски костуми, ако елекот е потенок може да се носи дури и под капут.
View this post on Instagram
Нема коментари