Кога во студените месеци плетивото ќе ви стане неизбежен дел од секојдневното облекување, постојано барате начини како да ги разиграте плетените парчиња и на модерен начин да ги вклопите во вашиот изглед. Ѕвездите на уличната мода имаат неколку идеи кои можете да ги земете предвид – еднобојни џемпери за да се вкопат во монохроматскиот изгпед, широки модели и со ракави во стилот на 80-тите години, со плетенки,ромбови, животински принт или украсени со светки, во облик на ролки или како плетени фустани… еве неколку стајлинзи со плетиво за успешно заокружување на зимскиот стил.
Нема коментари