Ефикасна модна терапија со шарени панталони
Психолозите велат дека светлите бои го подобруваат нашето расположение и нè прават посреќни. Затоа, ќе се обидеме да ве убедиме базичната палета на облека да ја замените со контрастни колор комбинации, богати нијанси и живописни принтови. Како на пример, панталони со цветен принт, нешто наследено од хипи ерата. Овој модел е разноврсен, може да се носи во секојдневни или вечерни комбинации, а ако е со смирен отпечаток, дури и во канцеларија. И секако ќе го разведри вашето расположение.
Не се плашете од јаките бои и впечаливите шари – цветен дезен, проходеличен мотив, коцки и геометриски форми, изберете шарени панталони и носете ги со кошули, кроп-топ, со маица со тенки прерамки. Во лето вој модел на панталони се добар избор и поради тоа што се поудобна варијанта од типичните фармерки.
Нема коментари