Оваа модна сезона покрај тоа што се тренд панталоните со ефект на кожа, актуелни се и кожените здолништа, a сезонава најпопуларен е миди моделот и со копчиња или со висок изрез во предниот дел. Се носат и здолништа со плисе, молив-здолниште и мини верзии. Ги има во дневни комбинациии, но се носат и за вечерни излегувања. Се вклопува во различни стилови – со елегантна кошула молив-здолништето од кожа може да се носи и во деловни пригоди, со ролка или блуза со впечатливи ракави за дневно излегување, или пак со вечерен горен дел за посвечен настан.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари