Кошулите се неопходен елемент на летниот кодекс на облекување. Ги носиме на деловен состанок или во канцеларија, како дел од секојдневните лежерни комбинации и во разни други пригоди. Покрај белите кошули со машки крој, оние со класичен и едноставен изглед, летово популарни се кошулите со широк крој кои неретко се носат раскопчани, а се во јаки бои. Можеби ви се чини дека белата кошула е попрактична и се комбинира скоро со сè, сепак голем тренд се кошулите во интензивно зелена, розова, жолта, циклама, портокалова боја, дури и оние со флуоресцентни нијанси. Тие ја освежуваат летната гардероба и додаваат посебен шмек и впечатливост во стајлингот. Ги проследивме Инстаграм профилите на стилските ѕвезди и ги забележиме моменталните комбинации – многу девојки носат розови и зелени модели на кошули со фармерки и бели маици под кошулата, други инфлуенсерки ги комбинираат со бермуди, а најсмелите ги носат наместо фустан споени со апостолки со потпетици.
Нема коментари