Да се постигне комплетен и совршен изглед не е лесна модна задача, комбинирањето на повеќе модни парчиња бара умешност и стилска координираност. Ефектни стајлинзи најлесно се постигнуваат кога ќе вметнете едно впечатливо парче во стајлингот– во случајов тоа е бела кошула со црни точки, која вешто се адаптира во различни стилови и се комбинира со базични елементи.
Кошулата со точки исто така може да се носи во секое годишно доба, а лесно се спојува со црни панталони и фармерки, одговара со беж миди здолниште, а оние похрабрите ќе ја носат со модно парче со истиот принт – на пример со фустан со помали точки.
Нема коментари