Страст, љубов, моќ, опасност, храброст, енергија, романтика се некои од нештата што ги поврзуваме со црвената боја, една од основните бои и со ефект на највпечатлива. Датумот 14 февруари асоцира на Св. Валентин и нашиот Св. Трифун, па еве неколку комбинации во оваа боја кои одговараат на зимска мода, но и на преодот во пролетни стилови. Добрата страна е што оваа волшебна боја одовара скоро на секој тон на кожа, односно секој може да ја носи, што ја прави уште попривлечна во моден смисол. Како да ја носите?! Добитна комбинација е кога ја комбинирате со неутрални нијанси како сива и беж. Класика се миксовите со црна и бела боја, како и со тексасни парчиња. За посмелите, предлог се стилските идеи со некоја друга силна боја како интензивно зелена или розова, а највпечаливи ќе бидете ако изберете комплетно црвена комбинација.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари