Една зимска стилска тенденција забележавме во стилот на ѕвездите на уличната мода, еден поинаков начин на комбинирање панталони и чизми. Идејата е спој на килот-панталони и високи чизми. Правилото за носење на оваа комбинација е панталоните да го преклопат врвот на чизмите, односно да не се гледа дел од голата нога. Ако сакате да ја издолжите силуетата изберете чизми во шпицест врв, за секојдневни комбинации носете панталони со џемпер или џинс-килоти, за вечерни пригоди поелегантни модели на панталони со кошула, сако и мала чанта.
Нема коментари