Некаде помеѓу лежерниот и деловниот стил е оваа комбинација од карирано одело, обична бела памучна маица и едноставни патики. Откако последниве сезони женските костими станаа популарни, ги носиме многу често и зависно од тоа како ги комбинираме, ги прилагодуваме скоро на секоја природа – во канцеларија, на прошетка со пријателките, за вечерно излегување. Добра идеја се за овие пролетни денови со променлива температура, па затоа го предлагаме овој спој на каро костим од тенка ткаенина, заедно со маица и патики.
Нема коментари