Карираната шара секогаш ќе реферира на традиционалност и класика, но тоа не значи дека е старовремска, дека не може да биде трендовска и дел од тековната зимска сезона. Карото е и навистина разноврсна шара, за разлика од некои други тренди принтови, повеќето од нас имаат некое карирано парче во својот плакар и можат да го интегрираат за да одговара на нивниот индивидуален стил. Без разлика дали преферирате минималилистчки, женствен, панк, еклектичен, трендовски стил, сте млади или повозразни, карото може да биде основен елемент во вашата гардероба, исто како на пример кошулата со пруги или тексасната јакна.
Карото е дезен вткаен во разни модни парчиња, во зима го носиме на главното зимско парче облека – капутот. Сезонава на фотографиите на улична мода видовме карирани капути во разни бои, не само во класичната црно-црвена комбинација. Добра идејата се и карираните фустани, од подебели материјали и во комбинација со ролка. Се носат и волнени здолништа со каро дезен, уште една класика на зимската мода. Карото нѐ потсетува и на гранџ-модата од 90-тите, окарактеризирана преку карираните фланелски кошули, зимава носиме нови верзии на овој тренд.
Нема коментари