Со доаѓањето на зимскиот период, сезоната на топли хулахопки и официјално e отворена. Ако во деловни и есенски прилики се носат тенки најлонки, кога се темпераурите ниски, а сепак сакаме да ги покажеме нозете, облекуваме дебели хулахопки, неретко и со густина од 100 ден. Поради својата структура и дебелина, овие хулахопки може да бидат опција во вашата зимска гардероба кога не ви се носат панталони и фармерки. Се комбинираат со фустани, мини здолништа или со кожени шорцеви. Секако, во поладните денови ќе носите и дебели јакни, капути и чизми. Најмногу се носат црни хулахопки, но во тренд се дезенирани и моделите со лого.
Нема коментари