Чанта во провокативно црвената боја е одлична идеја да додадете интензивна нијанса во вашиот изглед и еднобојната и претежно бежова облека да ја направите многу поинтересна. Пример се ѕвездите на уличната мода кои што ја користат моќта на црвената чанта и ја комбинираат со монохроматски црни или кафени стајлинзи, со бежови мантили и сакоа, а понекогаш и со шарено парче кое ја содржи црвената. Чантата во оваа боја тие ја вклопија во минималистички миксови, во комбинации со ист тоналитет, како и со шарена облека. Но, внимавајте, ако сакате да внесете шаренило, гледајте тоа да е само едно шарено парче или само едно парче во некоја друга боја. Никако комбинацијата да не содржи неколку контрасни и јаки бои, во спротивно модниот микс ќе изгледа конфузно и нападно. Можете да забележите дека трендесетерките сезони наназад го избегнуваат моментот на спојување на бојата на чантата со бојата на чевлите и преферираат распар комбинации. Ова е и наш совет, слободно црвената чанта носете ја со црни и бели обувки, или, како што можете да забележите од фотографиите, со салонки во сини тонови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари