Покрај сите претстојни модни трендови се издвојуваат комбинациите во црна боја како стилски евергрин, безгрешен изглед за минималистите и за оние што избегнуваат шаренило, вистинска стилска вежба и неретко синоним за апсолутен шик. Оние што сакаат да ја носат црната на облеката вообичаено бираат комплетно црни комбинации, но понекогаш тоа црнило е разбиено со неколку детали во друга боја – оваа сезона доминтни се чевлите и чантите во контрасно бела боја. Иако комплетно црните комбинации навидум изгледаат едноставни и непогрешиви, сепак изискуваат внимателно комбинирање (избегнувајте миксови на облека со различни нијанси на црна) и доста креативност во спојувањето на различни форми и текстури за да се избегне неинвентивниот изглед.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари