Белата класична кошула со строг крој е едно од модните парчиња што го „позајмуваме“ од машкиот гардеробер и ја вметнуваме во женскиот стил. Белата кошула секогаш е добра идеја. Сигурна опција за деновите „кога нема што да облечете“.
Предноста на белата кошула е што лесно се комбинира и одговара со различни парчиња – елегантни панталони, искинати фармерки, лежерни шорцеви, мини здолниште, бициклитички бермуди… Може да се постигне минималстички или мошне женствен стајлинг, зависно од тоа како се комбинира и од изборот на модни додатоци.
Нема коментари