Само три месеци откако на свет ја донесе својата ќерка Џејмс, холивудската актерка Блејк Лајвли се врати не само во добра физичка форма, туку и во одлична модна кондиција. Глумицата, на чиј стил модниот светот ѝ се одушевуваше и за време на бременоста, ја продолжува својата модерна приказна и по раѓањето на своето прво дете. Деновиве е актуелна со премиерата на нејзниот нов филм The Age Of Adaline (Возраста на Аделин), во кој игра жена која не старее. На црвениот килим се појави во низа безвременски комбинации, со широка палета од модни креаци. Се трансформира од урбан секојдневен изглед до гламурозен вечерен имиџ. Таа успеа во еден ден да промени дури шест стајлинзи, сите свежи, различни и модерни. Дваесет и седумгодишната ѕвезда на серијата „Озборувачка“, на низата промотивни настани, гостувања во ТВ-шоуа, утрински програми, како и премиерата во Њујорк блесна во модели од познати, но и од нови дизајнерски имиња како: Marc Jacobs, Kristinit, Monique Lhuillier, Roksanda, Rialto jeans и други.
Нема коментари