Едни од најатрактивите актерки и пејачки Кери Вашингтон, Камерон Дијаз, Емили Блант, Џесика Частејн, Селма Хаек, Лизи Кеплен и Гвен Стефани во новиот број на The Hollywood Reporter откиваат која е тајната на нивната убавина. Тие позираат во едиторијал за магазимнот, кој треба да излезе на 21 ноември, покрај своите советници и стилисти за убавина. Гуру за убавина на Кери Вашингтон е Карола Гонзалес, која стои зад шминката и фризурата на актерката и за време на снимањето на серијата „Скандал“. Вашингтон вели дека Карола е нејзината „Оливија Поуп“ (ликот што го толкува во „Скандал“), бидејќи е најдобар менаџер за кризни ситуации, која секогаш го извлекува најдоброто од нејзе. Карола соработува и со други ѕвезди, меѓу кои Џејми Кинг и Рашида Џонс.
Повеќе од 15 години за физурата на Гвен Стефани се грижи нејзниот пријател и стилист, Данило. Тие се запознале на ревија на Вивиен Вествуд, и отогаш соработуваат на сите проекти на пејачката. Данило има работено и со Лејди Гага, на спотот за нумерата Telephone, а ја направи и фризурата на Руни Мара во филмот „Девојката со тетоважа на змеј“ од 2011.
Двете најважни жени во животот на Камерон Дијаз се мејкап артистката Робин Фредрикц и стилистката за фризури – Лона Виги. Вели дека не знае што би правела без нив и не би сакала да биде опкружена од било кои други жени со остри предмети в раце, освен нив. Нивната соработка прераснала во пријателство и често заедно патуваати и буквално живеат како цимерки.
Емили Блант ја позајмила својата шминкерка од својот сопруг. Имено Џен Страјчер соработувала со Џон Красински кога почнал да излегува со Емили. Во една прилика Џен му рекла дека би сакала да се познаимава со лицето на неговата девојка. Откако првпат стапиле во контакт, тие се незраделни. На Блант ѝ се допаѓа начинот на кој работи Страјчер, за која вели дека ја мотивира да биде похрбра во своите појавувања на цврениот килим.
Ѕвездата на серијата Masters Of Sex, Лизи Каплен, открива дека убавината на свото лице го остава во рацете на Сабрина Бедрани, додека актерката Џесика Частејн, која е актуелна со филмот „Интерстелар“, секогаш крај себе го има тимот стилисти за убавина Кристофер Бакли и Ранато Кампора.
Фризерот Роберт Ватика соработува со Селма Хаек уште од времето кога таа била надежна млада актерка. Тие имаат изградено долгогодишна доверба , ап латино убавицата не би го менувала за ништо.
Нема коментари