Има 93 години и претставува симбол на жена со стил која не признава старосна граница. Како поранешна декоратерка на ентериери, сопственичка на текстилна компанија и звезда на блогот Advanced Style наменет за повозрасни модни ликови, Ајрис Апфел оодушевува со смелиот и несекојдневен стил на облекување. Затоа не изненадува што шведскиот бренд & Other Stories, кој доаѓа од истата групација на H&M, ја покани њујоршката модна икона да ги презентира нејзините омилени парчиња од колекцијата за сезоната есен-зима 2014/15 на брендот и да ги интерпретира на свој начин. Фотографиите се на Ари Коен од Advanced Style и направени се во барокниот стан на Ајрис. За оваа цел Ајрис избра палто со принт, црни ниски чевли, долг фустан во темно сина боја, кожени ракавици и многу парчиња накит. „Може да се добијат различни комбинации со овие разноврсни парчиња и тие да се додаде свој личен печат. Тоа е многу прекрасно. А тоа е таа друга приказна ..“, изјави Апфел за својата стилистичка приказна за брендот & Other Stories.
Нема коментари