Трендовски џинс, пижама-стил, лежерна мода на нов начин, дизајнерски чанти што се хит во моментов, многу слоевитост, малку готика и авангарден микс видовме на улиците на Копенхаген за време на модната недела кога прошетаа модно освестени ликови кои прават баланс меѓу актуелните тенденции и личниот стил. Едноставен или авангарден, стилот на Скандинавките е инспиративен. Данкињите и жените од северот негуваат автентичен стил полн со слоевитост, предимензионираност, минимализам и вметнување на неутрални тонови, кои пак се карактеристични и за скандинавскиот стил на уредување простори.
Личност чиј стил предлагаме да го следите кога е Копенхаген и Скандинавија во прашање е Пернил Тајсбек, стилистка и коосновач на новата модна платформа Social Zoo, родена во овој дански град и е светски позната стилска ѕвезда.
Нема коментари