Моќта на базичните модни парчиња добро се отсликува во стилот на Ејми Џексон која што стои зад блогот Fashion Jackson. Таа смета дека не мора слепо да ги следите впечатливите трендови кои се актуелни само една сезона, туку најдобро е стилот да го изградите со помош на неколку базични модни парчиња кои што ќе ги ротирате и комбинирате меѓу себе и ќе ги разиграте со помош на модни додатоции. Таа својот личен стил го базира на капсулна колекција од базични парчиња како фармерки, едноставни маици, ленени панталони, фустани со минималистичка линија, тексасна јакна… Ова не значи дека е имуна на трендовите, туку дека ги применува суптилно и тоа оние кои што важат барем неколку сезони – како на пример широки килот-панталони, животински принт, блузи со пуфнести ракави и комбинезони. Еве неколку идеи што можете да ги примените оваа сезона.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари