Ѕвезди од калибарот на Семјуел Л. Џексон, Дру Баримор, Селма Хаек, Ана Винтур, Колин Фирт, Пол Макартни, како и Рита Ора, М.И.А., Алекса Чанг, Попи Делевињ и други се појавија на промоцијата на новата еко-линија на Стела Макартни. Еден ден по својот 43-роденден, кој го прослави во првите редови на ревиите на Модната недела во Лондон, британската креаторка ја претстави својата еколошка капсулна колекција за Green Carpet Challenge. На гала-собирот во Кралскиот институт на Британија домаќинки, покрај Стела беа и сопругата на Колин Фирт, Ливија, Натали Масенет и уредничката на Vogue, Ана Винтур. Линијата содржи вечерни креации, закои тешкое да погодите дека се од еко-материјал. Долгите тоалети се претежно минималистички, а има и такви со драматичен завршеток, со апстракни принтови и тантела. Внимание предизвика белата креација на која е испишано Love Me Do, од познатат нумера на некогашната група на таткото на Стела, „Битлси“.
Нема коментари