Британскиот модел Стела Тенант, позната по својот андроген имиџ, се појавува со стајлинг кој наликува на Дејвид Боуви во едиторијал за V Magazine. Таа позира покрај Џастин Госман во рокерски имиџ, кој бил популарен во 70-тите години на минатиот век. Со светлопортокаловата фризура потсрижена со опавчиња неодоливо наликува на легендарниот музичар Боуви. Фотографиите ги сними Ричард Буш од of 2b Management, а стајлингот е на Сара Ричардсон.
Нема коментари