Британската модна дизајнерка Стела Макартни повторно се најде во улога да ја подига свесноста за ракот на дојки и пласира линија на долна облека и специјални модерни градници за жени кои ја преживеале оваа болест и извршиле двојна мастектомија. Градникот Louise Listening е во нежно розова боја и конструиран специјално за жените кои ги отстраниле дојките, додека моделот Alina Playing е во поинтензино розова боја и во бикини-стил и го рекламира супермоделката Кара Делевињ. Дизајнерката оваа линија ја посветува на својата мајка Линда, која почина како жртва на оваа болест.
Намерата на Макартни е да им овозможи женствена долна облека на жените кои после оперцијата на своите гради не се чувствуваат женствено и се опоравуваат од раните на телото и на душата, но во исто време ја таргетира и помладата публика која треба да се активира во разни иницијативи за подигање на свесноста за болеста и превенција од самата болест. Таа нагласува дека овие градници може да ги носат и оние што не се погодени од болеста и дека со нивно купување допринесува многу, биде приходот е наменет за фондација за борба против ракот на дојки.
Нема коментари