Бајките се остваруваат, барем кога ќе ги скројат „Дизни“, дизајнерката Стела Макартни и актерката Анџелина Џоли која наскоро ќе ја видиме во улогата на лошата вештерка во Maleficent. Оваа тројка се здружи на колекцијата Maleficent by Stella McCartney Kids, капсулна колекција за деца инспирирана од новата Дизниева верзија на бајката за заспаната убавица. -Од секогаш сум била голем љубител на филмовите на „Дизни“, исто така и мајка ми, растев со нив како и сите други деца. Кога се појави можност за соработка и уште кога Анџелина Џоли лично ме повика на снимањето на филмот, знаев дека треба да прифатам – вели Макартни за лимитораната колекција на бајковидни фустани за мали принцези, капи со рогови, кратки панталони, маици и патики.
По колекцијата шминки на M.A.C. инспирирани од ликот на лошата вештерка која во Maleficient ја Аџелина, ова е втора соработка на новата франшиза на „Дизни“. Макартни претходно соработуваше со „Дизни“ на колекција накит инспирирана од филмот „Алиса во земјата на чудата“ на Тим Бартон, а во 2010 година вклучи Дизни-ликови во своја рекламна кампања. Колекцијата наменета за девојчиња и момчиња од 4 до 14 години кон крајот на април ќе се појави во бутиците на Стела Макартни, продавниците на „Дизни“ и неколку други селектирани продажни места, односно тоа е еден месец пред официјалната премиера на филмот Maleficient. Десет проценти од продажбата на колекцијата ќе биде наменета за светската органзиација СОС Детско село.
Нема коментари