Дизајнерката Стела Макартни и топ-моделот Кејт Мос се вклучија во глобалната кампања за кревање на свесноста (и веѓите) за ракот на дојката. Октомври е светски месец за борба против оваа подмолна болест. Во таа насока, Макартни креира специјална линија на розова долна облека со градник со помеки корпи.
-Сакав да ги потсетам жените дека кога го носат овој сет-првото нешто што го ставаата на себе наутро-да го одржат на врвот од приоритети своето здравје и да го посетувате својот доктор редовно – вели Макартни.
Со својата сонародничка, британската манекенка сними и фотографии во кои Мос е со една разголена града, на која е ставено препознатливата розова панделка, заштотен знак за борбата против ракот.
Средствата од продажба на розовите креации на Стела ќе бидат вложени за набавка на нова мамографија за медицинската установа именувана по нејзината мајка, која почина од рак, Linda McCartney Centre.
Нема коментари