Една од најубавите манекенки на сите времиња, Стефани Сејмур, позира со своите синови Питер Брант Јуниор и Хари за едиторијал во магазинот Harper’s Bazaar. Моделот се појавува во црни секси креации од „Версаче“, „Долче и Габана“, Том Форд, „Луј Витон“, синовите се во рокерски модели што наликуваат на нивните години, исто така потпишани од познати брендови и дизајнери. Контроверзната сесија ја сними фотографот Себастијан Фина.
Нема коментари