Деловниот изглед не мора да биде класичен, досаден и премногу строг, што илустрираат и следниве примери позајмени од уличната мода. Со воведување на барем една поинтензивна боја, трендовско парче, и необични детали, може да го разиграте вашиот деловен имиџ. Изберете модерен костим и комбинирајте го со удобни чевли наместо со класични салонки. Свилената кошула, деликатната марама и кошулата со панделка се секогаш добри опции за во канцеларија. Ова е период кога често се носат мантили, но наместо вообичаените во беж, црна или тегет боја, изберете модел во пастелни тонови. Во овие месеци темните костими може да ги замените со костими во посветли тонови. Плисираното миди здолниште и белата кошула се веќе класика во деловното облекување, модернизирајте ја комбинацијата со интересни, но не многу нападни детали.
Нема коментари