Влијателните модни блогерки и ѕвездите од уличната мода сивилото на студентие зимски денови сезонава го разиграa со колоритно крзно, шарени капи, чанти, шалови, a најнови во листата се и црвените чизми до глужд. За многумина оваа боја на обувки во зима е пренаметлива и нема многу опции за комбинации. Но од стајлизните на трендсетерките, може да се види широка палета од идеи за носење на црвените чизми оваа зима. Покрај сигурните комбинации со црна, сива, темносина и крем, тие покажаа дека треба да се направи чекор плус, и храбро да се пристапи кон пооригинални комбинации. Меѓу нив се со кожени црни панталони и долг капут, златни и металик модели, сериозен костум со машки крој, розова комбинација, излитени фармерки, кафен капут, па дури и со црвени панталони… Со умешно вметнување во стајлингот црвените чизми не отскокнуваат, напротив го надополнуваат имиџот.
Нема коментари