Пет српски дизајнери, Ана Љубинковиќ, Ивана Пиља, Владо Савиќ, Будислава Кековиќ и Џорџ Стајлер вчера се претставија на Лондонската модна недела на заедничка ревија, резултат на соработката меѓу организаторите на престижната модна манифестација, Белградската модна недела и организацијата Fashion Scout од Лондон. Ревијата се одржа во Ковент гарден, а дизајнерите прикажаа футуристични дизајни и иновативни креации.
Пилја, која веќе ја видовме на ревија во рамките на Моден викенд-Скопје, по вторпат се претставува на Лондонската модна недела, а тамошната публика ја има видено и работата на Стајлер и на Љубинковиќ. Првиот човек на Fashion Scout, Мартин Робертс во октомври 2013 година беше гостин на Моден викенд-Скопје, во потрага на нови дизајнерски таленти на кои моќе да им понуди поддршка за понатамошен пробив на интернационалната сцена.
Уште двајца српски дизајнери го привлекоа вниманието на модната недела во Лондон. Белграѓанката Роксанда Илинчиќ со години живее и работи во Лондон и важи за една од поуспешните креаторки на британската сцена, а овојпат за сезоната пролет-лето 2016 прикажа колекција инспирирана од балетот. Авангардниот Марко Митановски се претстави во финишот на Лондонската модна недела и прикаќа колекција во која повторно се потпира на својот драматичен изглед обоен во црна боја. (К.Т.)
Нема коментари