По повод 10-годишнината на „Рамстор“ во трговскиот следат голем број на изненадувања, кампањи и игри до крајот на годината. Сите викенди во текот на ноември ќе бидат „Среќни шопинг викенди“, предвидени се специјални викенд цени и попусти во сите продавници, како и музичка агенда, игри и многу други изненадувања. Посетителите ќе имаат можност да сведочат низа на оригинални проекти: изложбата на торти, колачи и чоколадни задоволства, изложбата на чаеви, кафиња и топли напитоци, добра музика, а ќе можат да направат и откачени роденденски фотографии во фото корнерот и да добијат подароци. „Рамстор“ го посветува јубилејот на своите купувачи, посетители и закупци и во месеците кои следат ќе биде вистински центар за забава, пазарувања, вкусови и пријателства.
Нема коментари