Еден од најголемите трендови за време на одржување на модните недели во февруари, посебно во Лондон, беа сребрените чизми. Доминираа два типа на сребрени зимски обувки, до глужд со мат нијанса, и шипцасти со набори подлабоки со светкав металик изглед. Бројни влијателни блогерки и познати личности ги носеа во своите дневни варијанти, комбинирајќи ги со голема леснотија, како да станува збор за базично парче, како црни или крем побувки. Оваа синхронизација меѓу трендсетерките не е случајна. Сребрените чизми, со различна големина на потпетици се најде во новите колекции на најносените модни брендови како „Топшоп“, H&M, „Зара“, „Манго“ и други. Ова се поклопува и со глобалниот металик и сребрен тренд.
Овој моден додаток, може ад се носи со актуелните панк и гранџ комбинации, а одлично се вклопува и во повеќеслојните еклектични варијанти, инспирирани од колекциите на Gucci. Многумина ги споија со фармерки, спортски модели, црни хеланки и цветни фустани и друго. Се носат и во сповечени варијанти, но сепак, вистинскиот ефект го имаат во дневните кежуал комбинации. Ви претавуваме дел од најитересните стилски решенија, инспирирани од уличната мода.
Нема коментари