Сребрениот фустан со потпис на новата дизајнерска ѕвезда меѓу блогерките Реџина Пиjо е еден од најпосакуваните модели за новогодишната ноќ. Креацијата наречена Issy е со миди должина, и копчиња во предниот дел, а е украсена со ситни сребрени реси, кои даваат празничен ефект. Таа е иделна за на забавите овој период, а поклопува и со актуелниот металик/сребрен тренд, и ги погодива и вкусовите на трендсетерките. Реџина Пио се популаризира како миленичка на највлијателните модни блогерки како Леандра Медина, Ејми Сонг, Јасмин Суел, Натали Јос, Пандора Сајкс, и актерката Марион Котијар.
Нема коментари