Новата машката колекција на шведскиот бренд H&M составена од клучните креации што ги избра музичката ѕвезда Абел Тесфеј, познат како The Weeknd, деновиве е претставена на социјалните мрежи. Станува збор за линијата Spring Icons Selected by The Weeknd, која сочинува удобни базични парчиња од пролетната линија на H&M. Пејачот изјави дека уживал во процесот на бирање идеални креации од овој high street бренд, и дека се одлучил за комбинација на бомбер јакна и блузи со качулка. Секое од избраните модели се слика за модниот стил и потреби на современит маж, кој ги следи трендовите и истовремено сака да се чувствува удобно во трендовските парчиња. Тој направи урбани комбинации со елегантни и спортски модели. Во неговиот избор се најдоа: златна памучна бомбер јакна,црн мантил, темни панталони и блузи во црна, маслинеста и бела боја.
Нема коментари