После петгодишна пауза Мијуча Прада претстави ресорт колекција во која доминираат пастелни тонови и инспиративни спортски референци. Ревијата за колекцијата беше вчера реализирана во Опсерваторијата на Фондацијата Прада, изложбен простор сместен во шопинг центарот Galleria Vittorio Emanuele II во Милано. Прада за ресорт 2018 сезоната предлага микс на спортски стил со луксузни ткаенини креирани во препознатливиот колорит на модната куќа. Тој спој на спорт и современост за да се постигне модерна елеганција, се отсликува во спортските парчиња (патики, поло маички, спортски јакни, високи спортски чорапи), кои се помешани со нетипични спортски елементи како пердуви, кристали, тантела и златен накит. Крајната цел на дизајнерката е да создаде елегнатна облека преку спорт и обратно. Таа „совршена комбинација“ може да ја видиме и во деликатните свилени фустани со спорстки елементи, мини здолништата од технички материјали, комплетите инспириани од тренерки и накитени со пердуви, во комбинациите на спортски чорапи со сандали со високи потпетици.
Нема коментари