Колекција на спортска гардероба која ја потпишува дизајнерката Ирина Тошева за македонската фабрика „Цеботекс“ ќе биде презентирана на 10 февруари, со почеток во 11.30 часот, на скејт – паркот лоциран на Кејот на реката Вардар (зад Владата на РМ). Спортската колекција под името „Cebotex activewear by Irina Tosheva “ е реализирана во рамките на проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации.
Проектот е дел од бизнис програмата на последната дванаесетта сезона на Моден викенд Скопје, која резултираше со соработка помеѓу македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“ и дизајнерката Тошева која работеше на колекцијата неколку месеци. Парчињата од колекцијата ќе бидат веднаш достапни за продажба во ателјето на дизајнерката Тошева како и на веб страниците www.bastetnoir.com и www.irinatosheva.com. Настанот е од отворен карактер и ќе можат да присуствуаат сите заинтересирани.
Фото Ани&Дими/ Графички дизајн Анита Гај/ Моден дизајнер Ирина Тошева за „Цеботекс“/ Кастинг Виктор Цветановски/ Шминка Јована Коциќ/ Фризура Студио Cool Cut/ Модел Александра Наумова/ Продуцент Света Богова- Јовановска
Нема коментари