Музичката ѕвезда Бијонсе лансира спортска колекција за брендот Topshop наречена Ivy Park, што ја престави во фотосесија за магазинот Elle. Пејачката позира пред објективот на Паола Кудаки, а во мај ќе се појави истовремено на двете насловни на американски и на британски Elle. Колекцијата на Бијонсе е athleisure линија, понов термин кој се однесува на линија што е микс на спортска и улична мода, а содржи трендовски тренерки, хеланки, боди за вежбање и кратки маички. Од 14 април ќе се продава онлајн на сајтот на Topshop, на шопинг сајтовите Zalando и Net-a-Porter, во стоковните Nordstrom и Selfridges, и во JD Sports.
Нема коментари