Линии со цветен дезен, коцки со точки, спој на неколку цветни шари, апстрактни мотиви со животински… не можеме да одолееме на привлечноста на оние комбинации кои се спој на различни шари и отпечатоци. Мешањето на различни принтови бара внимателно комбинирање и умешност, ефектот што сакаме да го постигнеме е современ и впечатлив, а не конфузен и премногу нападен. Да, за овој стил ќе се одлучат посмелите во модниот израз, но секој може да се осмели барем на суптилно мешање на линии и ситен цветен дезен. За да го постигнете овој изглед, потребно е солидно познавање на модните трендови и испраксираност во стајлизинзите, бидејќи овде не постојат правила, па лесно може да се погреши. Една галерија во која може да погледнете како стилските и ѕвездите на уличната мода постигнуваат mix&match стил, тие многу илустрираат како може да мешате две или повеќе шари.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари