Општествено одговорниот проект „ХалкЕко“ на Халкбанк се проширува со ексклузивна колаборација за еко торби и маици дизајнирани од македонската дизајнерка Јована Филиповиќ. „ХалкЕко“ на Халкбанк е мобилна апликација која охрабрува на физичка активност, еко свесност, формирање здрави навики и придонес кон зачувување на животната средина. Корисниците на „ХалкЕко“ апликацијата добиваат „ХалкКоинс“ за активности како трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет, со што им следуваат подароци, бенефиции и можности за засадување зелени површини. Најновата гранка од проект „Халкеко“ е несекојдневна колаборација од која произлегоа ултра модерни варијанти на еко торби и дизајнирани еко маици, ексклузивно осмислени и изработени од Јована Филиповиќ. Идејата за колаборацијата започнува пред девет месеци на иницијатива на Халкбанк која често ги препознава, цени и продлабочува соработките со своите бизнис клиенти, па овој пат тоа го направи со талентираната дизајнерка Јована Филиповиќод која побара ексклузивен дизајн за еколошки, ХалкЕко торби за повеќекратна употреба. „Во рамки на нашата HalkEco платформа, посветени сме кон постојано нижење на нови инспиративни проекти кои ќе ја надградат и зголемат нејзината функцијата во интерес на екологијата, здравите животни навики и свеста за заштита на животната средина. Овој пат, во време кога сите знаеме колку не е “ИН” да се користат пластични кеси при пазарење, сакавме да им понудиме на нашите HalkEco корисници вистински модни решенијаза торби кои ќе бидат во линија со нивната еко свест – тренд кој заслужува поздрав и вистинско внимание. За таа цел, сосем природно, се обративме до Јована Филиповиќ, како една од најдобрите дизајнери во регионот а воедно и наш клиент, да го направи тоа на начин кој бевме убедени дека ќе ги исполни па дури и надмине нашите очекувања” велат од тимот за корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанк. „Ме воодушеви иницијативата на Халкбанк за ваков тип на соработка, не само поради тоа што е многу иновативна и инспиративна, туку е пред сѐ креативна порака за развојот на еколошката свесност која треба да ја има секој од нас“, вели дизајнерката Јована Филиповиќ. Идејата зад проектот е да се спојат екологијата, самосвесноста и модата во еден производ, еко торби, на три различни начини. Во процесот на дизајнирање на торбите, соработниците добиле идеја да се осмислат и маици кои ќе бидат изработени исто така од еко материјали и ќе ја зајакнат еко пораката. „Торбите и маиците се наменети за мажи и жени и се осмислени да можат лесно да се вклопат во секојдневнието, а дизајнот и боите се одбрани за да се вклопат во секој изглед. Сѐ е направено од 100% еко материјали и поголемиот дел од торбите, како и маиците се изработени во нашето студио до последен детал и со zero waste прозводство“, објаснува Јована Филиповиќ. Изминативе години, Халкбанк преку „ХалкЕко“ платформата постојано организира, реализира и поддржува еко проекти, спортски настани и општествено одговорни практики. Оваа платформа на Халкбанк, која е силно поддржана од партнерот Мастеркард и од луѓето како нејзини корисници, Министерството за економија годинава ја прогласи за најдобар општествено одговорен проект во категоријата Однос со животната средина.
Нема коментари