Со цел да ја развијат еко-свеста и да поттикнат економично и практично размислување во врска со облеката, Visit Sweden и Шведскиот институт ја покренаа иницијативата „сподели и носи“ (Sharewear). Станува збор за движење лансирано на Инстаграм каде што можете да размените нова облека со сосема непознати луѓе.
Сè што треба да направите е да шернете фотографија со парчето облека или целиот стајлинг и да ја означите со хаштагот #ShareWear. Личноста што прва ќе коментира под фотографијата добива шанса да ја носи облеката една недела. Потоа треба на ист начин таа да ја сподели со друга личност.
Акцијата почна со облека од најпознатите шведски дизајнерски имиња како Filippa K, Hope, House of Dagmar, Nikolaj d’Étoiles, и Uniforms for the Dedicated. ShareWear ги повикува сите заинтересирани да споделат носива облека и да се вклучат во движењто кое не само што ќе ви заштеди пари, туку ќе ви го одржи стајлингот постојано свеж и нов. Останува на вас да одлучите, дали, како Швеѓаните, сте подготвени да споделиле облека со сосема непозната личност?
Нема коментари