Ангелите на „Викторијас сикрет“ повторно ги раширија крилјата и ги претставија новите раскошни креации на спектакл во Њујорк. Дваесет години по ред компанијата за долна облека организира големо модна ревија која од година во година е поспектакуларна, озборувана, атрактивна и очекувана, за денес да стане најгледаното модно шоу. Вчерашниот настан на брендот ги откри новите модели и манекенките прошетаа во долна облека и драматични костими во кои доминираа пеперутки, пердуви и светкави камчиња, зимска тема и снегулки, американска иконографија и карневалска инспирација. На ревијата настапија музичките ѕвезди Ели Гулдинг, Селена Гомез и The Weeknd, а во завршницата се појави Лили Олдриџ во Fantasy Bra, градник 6.500 светкави камшиња, од кои 126 се дијаманти, и кој чини 2 милиони долари.
Според модните познавачи настанот го губи сјајот во однос на бројот на супермодели и на рејтингот музичките ѕвезди кои настапуваат. Ријана се повлече неколку дена пред ревијата, како и супермоделката Џордан Дан. Годинава се појавија само супермоделите Адријана Лима, Лили Доналдсон, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Кендис Свонпул, Бехати Принслу, низа згодни манекенки кои сепак не се многу познати ликови и новите ѕвезди Џиџи Хадид и Кендал Џенер кои доаѓаат од светот на реалната телевизија. Ревијата на „Викторија сикрет“ никогаш ја немала важноста на „Шанел“ или „Диор“ и значење во она што условно се нарекува High Fashion, но порано имаше поголем статус и меѓу ангелите на „Викторија…“ беа најпознатите манекенки на своето време како Жизел, Карли, Миранда. Сега е само едно огромно забавно шоу!
Нема коментари