Ангелите на брендот за долна облека „Викторија сикрет“ прошетаа вчеравечер на пистата во Grand Palais, на модната ревија што ја карактеризираат како најголемото модно шоу во светот, кое за првпат се одржа во Париз. Сестрите Џела и Џиџи Хадид, ветеранките на „Викторија сикрет“ Адријана Лима и Алесандра Амбросио, супермоделите Џоан Смолс и Лили Доналдсон, новата ит-манекенка Кендал Џенер и бремената Ирина Шајк, парадираа на светкавата писта облечени во долна облека, сексапилни костими и ангелски крилја. Токму поради крилјата манекенките го носат и епитетот ангели, а овојпат беа ангажирани 51 манекенка од различни страни на светот. Шоуто на „Викторија сикрет“ секогаш е пропратено со музички настапи, вчера музички ѕвезди беа Лејди Гага, The Weeknd и Бруно Марс.
Нема коментари