Карл Лагерфелд за првпат не се поклони после ревија на „Шанел“. Дизајнерот беше отсутен од вчерашниот спектакл на куќата, ревијата за новата колекција на висока мода презентирана во Grand Palais со сценографија на луксузна вила со многу зеленило и базен. На крајот од ревијата се поклои Вирџини Вијар, неговата десна рака. Лагерфлед од 1983 година е главен дизајнер на модната куќа основана од легендарната Коко Шанел, и за е првпат не се појави на ревија. Наводно, Карл бил заморен после ревијата и ја замолил Вирџини сама да се поклони пред публиката, нешто што дизајнерите редовно го прават после прикажувањето на колекциите на писта.
„Шанел“ престави колекција за есен-зима 2019/20 на вториот ден од Париската недела на восока мода. Повторно креациите од твид се највидливи. Доминираа розовата, црната и пастелните тонови, костимите во ретро бизнис стил, многу тул, пердуви, 3Д цветови и светкави материјали, а во завршницата наместо свадбен фустан, се појави манекенка во светкав и сребрен костим за капење и бел вел.
Нема коментари