Кралица Летиција се појави во шарено палтенце везено во етно-стил од шпанскиот бренд Zara при вчерашната посета на детстка универзитетска болница во Мадрид, покажувајќи дека и кралиците може да носат креации со достапна цена. Со ова колоритно сако таа ја разведри комбинацијата од црни пантолони, блуза и чевли.
Овој модел на Zara кралицата веќе го има носено на друг настан пред неколку месеци, а креации во сличен етно-стил може да се најдтат и пролетната колекција на брендот, што е веќе достапна и во скопската продавница. Летиција важи за една од најдобро облечените жени од светските кралски семејства, а шпанската кралица многу често во својот стил инкорпорира модни парчиња од брендовите Zara и Mango.
Нема коментари