Оваа шпанска вила во фјужн-стил ќе ве одушеви на прв поглед! Дизајнерката Ана Бехар во креирањето на декорот измешала медитерански, андалузиски и етно стил за да создаде простор кој е смел, но не нападен и пренатрупан. Белите подови, ѕидови и тавани создаваат совршена основа на која се надоградуваат јаки бои, впечатлив текстил, парчиња мебел и уметнички дела. За да го направи домот поудобен, Бехар избрала елементи од природно дрво, како стари креденци, фенери, рамки на огледалата, чинии и полици. Смели етно шари и геометриски форми може да се сретнат на килимите, перниците и прекривките, а темата на детали во интензивни тонови продолжува и во надворешениот дворен простор каде доминирааt тиркизната и виолетовата боја.
Нема коментари