Факт е дека чевлите се најголема пасија на жените. Сe проценува дека во ормарот на секоја дама има три вида на модели: едни што се набавени само заради убавиот дизајн, има такви кои се функционални и се врзани со сезонските потреби, но и такви во кои се чувствуваат најудобно. Последните ретко доаѓаат со добар изглед. Но изминатите неколку години удобноста станува приоритет на многу компании, бидејќи жените се подготвени да дадат повеќе пари за чевли што ќе им траат и во кои ќе издржат подолго. Бонус е ако тие изгледаат модерно и стајлиш.
Во оваа насока размислувале од комапнијата House of Borgezie, кои тврдат дека ги создале најудобните чевли со високи потпетици , кои имаат гаранција за траење од 1.000 години. Доколку ова се покаже како точно, цената од 995 до 1.672 долари за пар е разумна. Чевлите доаѓаат со ѓон кој може да се помести, кој би требало да направи да се чувствувате подудобно во моделот. Овие креации се комбинација на високо полиран нерѓосувачки челик и луксузнен сребрен елемент.
Нема коментари