Досега постоеа три вида на чоколада – млечна, бела и црна, благодарение на швајцарската кондиторска компанија Barry Callebaut и инсприрацијата од милениумците кои периодов се фасцинирани од сè што е розово, претставена е новата чоколада Ruby. Да, таа е розова, има благо овошен вкус сличен на бобинки, кремаста текстура и е направена од природна боја.
Прв пат после 80 години создаден е нов вид на чоколада со природна боја, а Barry Callebaut ја развиваше полни 13 години. Пред две години ја почна стратегијата за пласирање откако сфати дека постои вистински глобален пазар во ликот на милениумците.
Компанијата го претстави производот пред неколку дена во Шангај, со напомена дека во производството не се употребени вештачка арома и боја, туку таа е направена со семките на какаото Ruby, кое може да се најде во Еквадор, Бразил и Брегот на Слоновата Коска. Уникатното семе на какао ги обезбедува интензивниот вкус и карактеристичната розовкаста нијанса. „Таа е природна, во живописна боја, хедонистичка, создадена да задоволи, но ја има автентичноста на чоколадата“, велат од Barry Callebaut.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари