Замислете свет каде што селфито го менува нашиот изглед. Со само една лоша фотографија нашето лице да се измени и обратно, со добро светло, идеален агол, стабилна рака и тоа да се подобри. Во ерата на селфи, Инстаграм , Фејсбук… секој е експерт за најдобрато фотографија. Но сепак има јавни личности што направија уметност од популарниот фото-автопортрет. Меѓу нив е актуелниот креативен директор на италијанскиот бренд Brioni и едно од најпознатите лица од уличната мода, Џастин О’Шеј. Тој во новата реклама на Mercedes- Benz дава совети како да направите совршено селфи. Во три и пол минутното видео, во режија на Parachutes, Џастин ѝ дава корисни сугестии на дизајнерската и стилистка Џејн Мин како да престане да прави неуспешни фотографии.
Нема коментари