Сместен во северен Лондон во куќа изградена во 1860 година, овој стан е реновиран и декориран на модерен начин. Доминираат темни ѕидови и интензивни бои, кои допринесуваат за карактерен изглед на просторот. Ова е највпечатливо во дневната соба, во која има темносиви ѕидови, камин обоен во црна боја и килим во етно стил и во виолетови тонови. Нијансите на темно виолетова се среќаваат низ целиот стан, во спалната соба, на ѕидот во главната бања, дрвената ограда на скалите кои водат до вториот кат и на декоративните елементи како ламбите и табуретките.
Нема коментари